Во саботата, на 12 март во Гранд Нерет Рецепција се одржа јубилејниот 32 годишен бал на Австралиско Македонскиот комитет за човечки права (АМКЧП).
Специјални гости беа професорите Виктор Фридман и Џим Хлавац. Оваа година забележливо беше намаленото присуство на народот и присутни беа претежно постари луѓе. Во изминатите години сме навикнати да гледаме исполнета сала за годишниот настан што го одржува АМКЧП. Се надеваме дека следната година ќе има поголем интерес и збогатена програма.
За забавниот дел се погрижи првата дама на фолк музиката во Австралија Татјана Лазаревска.