Австралинско-македонското тетовско друштво ‘Шар Планина’, по повод празникот Голема Богородица минатава сабота во The Grand’ Reception во Епинг свечено го одбележа денот.
На тетовскиот бал имаше претставници од Охридското друштво “Св. Наум Охридски”, Кавадеречкото друштво, Битолското друштво “Александар Турунџев”, Прилепското друштво и Здружените скопски села.
Покрај веселата атмосфера за сите имаше и од прочуеното тетовско гравче.
Бидејќи амбасадорот Веле Трпевски и конзулката Бети Коруновска заминаа во сабота на дипломатска консултација во Македонија, овој пат не беа присутни на овој настан.
Од оваа вечер управата на друштвото собра донација од $500 за настраданите од поплавите во Македонија.



