Баларат Ред Девилс – Сиднам Парк Македонија 0:4

Втора лига на Викторија, 21 коло

Во претпоследното коло на Втората лига на Викторија, нашиот претставник Сиднам Парк убедливо ja победи екипата на Баларат Ред Девилс, која од следната сезона ќе се натпреварува една скала пониско.

За жал, на нашите црвено жолти ќе им недостасуваат само четири бодови за посакуваното второ место и промоција за наредната сезона. Иако и постигнатото во оваа сезона не е за потценување, во првата година на игра во оваа лига, Сиднам одлично се снајде и на моменти беше на врвот од табелата.  Фудбалерите на Сашо Бечвиновски имаат уште само еден настап во регуларниот дел на сезоната а од идната недела заслужено ќе одат на одмор и може да започнат со мирни подготовки за наредната сезона.

В сабота, на 21 септември, Сиднам Парк Македонија го игра последното коло  на домашен терен пречекувајќи ја  екипата на Витлси Ренџерс со почеток во 15:00 часот.

Останати вести