Минатиот петок брачниот и естраден пар Татјана Лазаревска и Новица Василевски, заедно со музичката група Арт Плаза, имаа извонреден настап во рецепцијата Гранд Нерет.
Салата беше исполнета и после подолго време од зимската зачмаеност се најави доаѓањето на потоплото време и времето на концерти. Вечерта беше тука и ДЏ Мангал и имаше музика за сите вкусови, а оние што беа поиздржливи останаа со песната и орото до раните утрински часови.



