Што ќе се случи ако месец дена јадете две банани дневно?

Досега многу пати сме пишувале за ова чудесно овошје и неговите фантастични ефекти врз нашиот организам. 

Покрај тоа што токму со бананите може значајно да го ублажите предменструалниот синдром, да ја регулирате работата на дигестивниот тракт, да го намалите холестеролот и да го нормализирате крвниот притисок, ова популарно јужно овошје може буквално да направи чуда за вашиот тен, коса и нокти.
Ако досега не сте практикувале често консумирање на ова овошје, ние ви предлагаме да направите мал експеримент и во наредните 30 дена да јадете по две банани дневно, а резултатите секако нема да изостанат. Ќе забележите дека коренот на вашата коса е зајакнат, а вашиот тен ќе биде значајно понежен и позатегнат.
Ако имате проблем со акните и неправилностите на кожата, бананите токму поради магнезиумот кој што го содржат би требало да ви помогнат да го решите и тој проблем.
Ако пак имате проблем со констипација, наутро, на празен желудник, откако ќе испиете чаша топла вода со лимон, почекајте неколку минути, а потоа изедете една зрела банана.
Од друга страна пак, ако боледувате од стомачен вирус и имате проблем со дијареа, се препорачува жолта полу-зрела банана.

Останати вести