Барнаби Џојс не можел со 4,000 неделно да живее: Потребно е итно зголемување на исплатата за социјална помош

Барнаби Џојс поранешниот заменик на прајминистерот вели дека неговите сопствени проблеми како со плата да се покријат трошоците од над 200.000 тешко се снаоѓа со исплата на алиментација, бивша жена, сегашна жена и уште две новороденчиња, го инспирирале јавно да изрази незадоволство и да повика на зголемување на исплатата за барателите на работа кои примаат социјална помош.

Џојс, татко на шест деца ја издржува својата сопруга со која е разделен и нивната најмлада ќерка која е во интернат, како и својата моментална партнерка Вики Чампион со нивните двајца синови. Пратеникот од НЈВ кој заработува околу $211.000 годишно вели дека навечер го исклучува греењето, сам си го подготвува своето месо, не излегува во ресторани и купувал евтини продукти. „Не се работи за тоа оти не заработувам пари, туку за тоа дека треба внимателно да се распоредат парите. Ова е вежба на понизност, од позиција на заменик прајминистер да се дојде во позиција каде внимаваш на секој долар” – вели тој и додава дека не е скржав, но оти веќе и секојдневната шолја кафе е причина за веселење. „Големо веселење во денот, да бидам искрен, ми е шолјата кафе. Ние (тој и Вики) ретко излегуваме на вечера”.
Џојс неодамна им се приклучи на повиците за зголемување на исплатата за невработените од програмата Newstart која над нивото на инфлација не се зголемиле од средина на 1990-те години. На две недели се добива исплата од 555.70 долари за едно лице без деца, односно тоа е само 40 долари дневно. „Сфатив дека со многу многу добра плата морате да внимавате како ќе споите крај со крај кога издржувате две семејства” – рече тој за емисијата Sunrise на Канал Седум. „Само Бог знае како некој со 280 долари неделно преживува, не знам како им успева, тоа е речиси невозможно”.
Лабуристичкиот пратеник Џоел Фицгибон вели дека оваа изјава е доказ оти луѓето тешко преживуваат со Newstart под коалициската влада. „Која и да е причината за неговото откритие, навистина е добро што по шест години призна дека под неговата влада на луѓето им е многу многу тешко” – рече тој. Полин Хенсон пратеничката на партијата One Nation имаше построги зборови велејќи дека многу луѓе би биле среќни да заработуваат колку и тој. „Ова е навистина смешен начин како да се понуди објавснување” – рече таа.
Сепак вистината е дека сите влади во изминативе 25 години не реагирале досега и навистина е тешко да се живее на социјална помош која е помала од пензиите за 100 неделно.

Останати вести