Заменикот на австралискиот прајминистер кој поднесе оставка поради сексуална врска со гласноговорничка, изјави дека не е сигурен дали детето кое го носи неговата партнерка е негово.
По пресметката на старост на зачнатото бебе испаѓа дека Џојс бил на службен пат во Европа во тоа време со својата сега бивша сопруга. Барнаби Џојс, кој поднесе оставка под притисок на прајмининстерот Малколм Турнбул рече дека прашањето кој е татко на детето е „сива зона.”
„Но, ако сакате официјална изјава, детето е мое. А и да не е, не би ми било гајле и понатаму исто ќе постапев, и јас го сакам”- вели Џојс. Ова е новиот заплет во сагата која со недели ги полни медиуми, а поради која прајминистерот издаде забрана за сексуални односи меѓу соработниците во владата.
Џојс долго време одбиваше да ја признае врската и да даде оставка, но, на крај како припадник на помала партија во коалицијата мораше да попушти.