Бегалците ја заобиколуваат Франција

Сонуваат за подобар живот во Германија, Шведска или Холандија, но Франција е отсутна од листата за желби на бегалците. Се поставува прашањето зошто второто по големина стопанство на ЕУ, држава на која некогаш се гледаше како на ветена земја за барателите на азил, денес не е интересна за бегалците. 

„Франција не е добра за мојата иднина, а покрај тоа нема репутација на земја која лесно дава дозвола за престој”, истакна 24-годишниот Едвард од Багдад, чекајќи во Стокхолм брод за Финска.
Меѓу бегалците постои убедување дека по пристигнувањето во Франција значи да се живее со месеци без покрив над главата, борба со бирократските пречки и контакти со службеници кои не зборуваат англиски.
Бегалците исто така се запознаени со не толку добрата состојба на француското стопанство и нејзините 3,5 милиони невработени.
„Франција е добра за посета, но не и да се работи во неа”, вели 26-годишниот Сириец Абдулрахман, кој стигнал во Шведска.
Кога пред две недели Франсоа Оланд предложи да го олесни товарот на Германија, така што Франција би презела 1.000 бегалци, тим на француската имиграциска служба кој беше пратен во Минхен успеал да убеди помалку од 600 бегалци сре­ќата да ја побараат во Франција, иако им е ветено лесно добивање на документи, можност да им се придружи семејството и дозвола за престој за 10 години.
Од избивањето на граѓанската војна во Сирија, од четири милиони бегалци од оваа земја само 7.000 добиле бегалски статус во Франција.
Париз вети дека во следните две години ќе прифати уште 31.000 бегалци и работи на забрзување на процесот за решавање на барањата за азил и зголемување на сместувачките капацитети. 

(Танјуг)

Останати вести