Бегалците значајно ќе ја променат демографската слика на Германија!

Рекордниот прилив на бегалци во Германија ќе предизвика крупни економски и демографски промени во таа земја чие население е се постаро, оценуваат експерти.

Германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, претходно оваа недела предупреди дека рекордниот прилив на бегалци ќе ја промени таа земја која сега има 80 милиони жители.
Германија очекува оваа година да прими околу 800 000 баратели на азил, што е рекорд во Европа, и значајно повеќе од 438 000 бегалци колку што примила во 1992 поради војните на просторот на поранешна Југославија.
Тоа ќе донесе финансиски издатоци и крупни промени во друштвото, рекол за јавниот сервис АРД социологот Мајнхард Мигел и додал дека е „тешко да се предвиди дали тоа ќе донесе напредок или неприфаќање”.
Политколог на Слободниот универзум во Берлин Хајо Функе оценил дека се работи за голем предизвик и додал дека промените се неопходни во повеќе области, од организација на прифаќање во училишта до критериуми за прием на имигранти или образование.
Во Германија, меѓутоа, населението е се постаро и бегалците би можеле да допринесат да се преобрати трендот на стареење и смалување на бројот на жители во таа земја кои, според проценките на Европската комисија до 2060 би можел да се намали на 70 милиони луѓе, со исто така големо оптеретување на пензискиот систем.

Останати вести