Македонската полиција извести дека со екстрадицијата на македонскиот државјанин Д.М. од Италија во Македонија на крајот од минатиот месец, Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР ја завршил најдолгата потрага по бегалец во историјата на македонската полиција, која траела цели 23 години еден месец и 14 дена.
Kако што соопти МВР, Д.М. е најден и екстрадиран од Италија со меѓународна потерница, со помош на ФАСТ тимот (FAST – Fugitive Active Search Team) при Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР.
Што се случуваше кобниот јануари?
Дванаесет дена по Нова година во 1989 година две лица извршија свирпо убиство врз трето лице со секира.
Бруталните убијци Д.М. и С.Ѓ. го убија Ж.К откако го намамиле во стан.
Со претходно подготвена секира Д.М го удрил Ж.К во главата, а откако жртвата паднала на подот му нанел уште неколку удари со секирата, за да подоцна го искасапат телото замотувајќи ги остатоците во најлони, со намера полесно да се ослободат од телото.
По истрагата на 19.06.1989 година тогашниот Окружен Суд во Битола ги осудува Д.М. на 15 годишна и С.Ѓ на 12 годишна затворска казна за кривично дело убиство.
Бегство
Д.М. на 14.03.1994 година ја искористува можноста и за време на викенд отсуство бега од КПУ Идризово. По него се распишува меѓународна потерница а потрагата траеше цели 21 година и 8 месеци и 12 денови поточно до неговото лоцирање во Италија на 27.11.2015 година.
Тој се наоѓа сега во КПУ Идризово каде што го чека одлежување на затворската казна изречена во 1989 година.