Дури 120 Романци побегнале од ресторан без да платат за услугата.
Несекојдневниот настан се случил во ресторанот Ел Кармен, во градот Бембибре, во северна Шпанија, каде што Романците славеле крштевка.
„Се најадоа, се напија и за секунда исчезнаа како воопшто да не биле во мојот ресторан”, вели сопственикот Антонио Родригез, раскажувајќи дека синхронизираното бегство се случило пред на дрските гости да им биде послужен десертот.
„Вакво нешто не паметам во 35-годишната кариера”, вели Родригез, кој останал покус за три илјади евра.
Локалната полиција досега не успеала да пронајде ниту еден од гостите „бегалци”.