Бела ајкула усмрти пливач пред очите на неговата сопруга

Пливач умре по нападот на ајкула во источна Австралија, пренесува Сиднеј Морнинг Хералд.

 Бела ајкула нападна средовечен човек во познатото летувалиште Бајрон беј додека пливал и тој починал од здобиените повреди, поради што сите плажи во областа, на 800 километри од Сиднеј, беа затворени во наредните 24 часа.

Спасувачите се обиделе да го спасат човекот кој се здобил со тешки повреди на десната нога, но педесетгодишниот Австралиец не успеал да преживее и покрај укажаната лекарска помош на плажата.

Локалната телевизија Скај Њуз, повикувајќи се на очевидци, информира дека ајкулата е се уште во областа каде што се случил нападот.

Експертите предупредуваат на пораст на нападите од ајкули кои инаку се вообичаени во австралиските води, а последниот фатален напад на ајкула беше во април оваа година на плажата Татра, 350 километри јужно од Сиднеј.

Останати вести