Белгискиот амбасадор во Австралија за опасноста од поврзувањето на тероризмот со миграцијата во Европа

Амбасадорот на Белгија во Австралија Жан-Лук Бодо во четвртокот го критикуваше австралискиот прајминистер Малком Турнбул, кој, според него, неправедно ги поврзува нападите во Брисел со приливот на мигранти кон Европа од Блискиот Исток, пренесе телевизија АВС .

Според белгискиот дипломат, таква врска е опасна, бидејќи „Исламска држава” (ИД) и без тоа се стреми да се осигура дека ние ќе започнеме да го споредуваме тероризмот со миграцијата и со исламот”.
“Меѓу бегалците во Европа, особено меѓу мигрантите од Сирија, има многу претставници на средната класа, образовани луѓе со пари, кои можат да донесат полза на европската економија, под услов да успееме правилно да ги контролираме миграциските текови”, рече белгискиот амбасадор во Австралија.

Останати вести