Новиот мултикултурен министер на јубилејниот 20 Детски фестивал во Бенкстаун

Новиот министер за имиграција и мултикултурни прашања, Дејвид Колман, беше гостин на 20-годишнината од Детскиот фестивал во Bankstown.

Говорејќи на настанот, новиот министер изјави дека Австралија е „најдобрата земја во светот, а дел од причината за тоа е начинот на кој сите наши различни потекла и култури се здружуваат во една хармонија и сите се дел од Австралија”, пофалувајќи го воедно и основачот на фестивалот, Чуат Нгуен.
Овој фестивал е фантастична идеја и веќе дваесет години ги собира децата од заедницата за да се прослават сите наши различни културни потекла на едно место, сите здружени како Австралијци.
Центарот на Банкстаун пулсираше со музика, боја и ароми што ги носи културната разновидност во Сиднеј, опфатени со извиците на радост и возбуда на австралиските деца од сите потекла.
Нашите млади македонски играорци од КУД “Вардар” од Бенкстаун ги воодушевија присутните со прикажаниот сплет на игри од Македонија.
Овој културен настан, кој овозможува мешање на културите, го отвора патот за обединета заедница на иднината, во која денешните деца ќе живеат.
Фестивалот секоја година ја проширува својата програма за образование на децата, повикувајќи ги групите од заедницата да ја прикажат својата историја и култура во рамките на фестивалот. Оваа година, покрај македонската заедница што беше претставена со КУД “Вардар” од Бенкстаун, учествуваа и групи од пенџабската, шкотската и виетнамската заедница.
Следниот детски фестивал ќе се одржи на 19 март 2019 година во центарот на Сиднеј на First Fleet Park во Circular Quay.

Останати вести