Премиерката на Нов Јужен Велс издаде предупредување до прајминистерот Морисон, изјавувајќи ако сојузната влада сака да го зголеми капацитетот за карантин – тоа ќе мора да го направи „сама”.
„Ако федералните власти сакаат да ги зголемат капацитетите во Нов Јужен Велс, тие ќе треба сами да изградат и да управуваат со објектите”, рече Гледис Береџиклиан.
Благодарение на НЈВ илјадници Австралијци секоја недела можат да се вратат во земјата, и ги има помеѓу 5.000 и 5.500 луѓе во хотелски карантин низ Нов Јужен Велс во кое било време, објасни премиерката.
Повеќе од тоа „не е добро и не е безбедно”, изјави Береџиклиан, повикувајќи се на советот од полицијата и здравствените власти.
Кога меѓународните граници повторно ќе се отворат тие хотелски капацитети веќе нема да може да се користат за карантин, што претставува огромен предизвик.
„Тие хотели се изградени за туризам а не за карантин”, рече таа.
„И реков на федералната Влада, 5.000 е сè што можеме да направиме во Нов Јужен Велс и ние го правиме тоа”. Не знам за ниту една држава во Австралија што е близу до тоа ние што го остваруваме.
Таа рече дека ќе треба да се изградат дополнителни 10 нови капацитети за карантин да се надокнади она што го прави Нов Јужен Велс во моментов.
Береџиклиан вели дека федералната влада треба да разгледа што значат отворените граници за карантинските капацитети, особено во Нов Јужен Велс. Ако федералната влада сака да има дополнителен капацитет, тие самите ќе мора да се грижат за тоа, рече таа.
Нов Јужен Велс нема регистрирано локални случаи на ковид-19 веќе неколку недели и покрај стравувањата дека семејство од Мелбурн може да ја прошири болеста после позитивниот тест од посетата.
Скот Морисон рече дека околу 3.000 Австралијци од странство секоја недела пристигнуваат благодарение на ангажираноста на Нов Јужен Велс, а државата има „неверојатно голем успех” во справувањето со епидемијата.
„Ако сме во состојба да ги отвориме границите, тогаш условот за карантин би бил многу различен од овој што е денес”, рече тој.
Во меѓувреме владата на Морисон најви дека ќе изгради објект за карантин во близина на аеродромот Авалон, 45 км југо-западно од Мелбурн.
Тој објект ќе и помогне на владата на Викторија, која ќе управува со работата на тој објект, рече во петокот Скот Морисон.
„Ние ќе го развиеме објектот заедно со владата на Викторија, владата на комонвелтот ќе ги покрие трошоците за градење, а владата на Викторија ќе ги исполни оперативните трошоци и ќе го управува објектот”.