Нутриционистите препорачуваат: Шест трикови за слабеење без диети

Доколку ги промените своите животни навики, со текот на годините ќе ја намалите својата телесна тежина за онолку килограми колку што ви е потребно за да бидете здрави.

Ако и вие спаѓате во категоријата на ониекои редовно започнуваат со диети, но никако да ги изгубат вишокот на килограми, можеби е крајно времеа размислите за воведување на поголеми промени во начинот на исхрана. Но, и да почнете поразлично да размислувате за храната.
Прочитајте ги овие шест совети кои можат да ви помогнат да започнете со таа промена.
1. Поправете го квалитетот на исхраната
Многу луѓе кога ќе започнат со диета, ги исфрлаат јаглехидратите од исхраната, млечните производи или некоја друга група на неопходни продукти, но за да го зачувате здравјето морате да ги добивате сите неопходни хранливи материи кои се наоѓаат во различни прехрамбени групи.
Ако јадете разновидна храна, со тек на време килограмите ќе почнат да се намалуваат, а подобрувањето на квалитетот на исхраната значи дека ќе јадете повеќе овошје и зеленчук, немасно месо, риби, јајца, јаткасти плодови, семиња, мешунки, житарки и млечни производи.
2. Мора да го изедете целиот зеленчук во чинијата
Овошјето и зеленчукот се богати со влакна, витамини и фитонутритиенти, но имаат малку вкупни килоџули. Значи, ако ги јадете во поголеми количини, ќе можете да управувате со својата тежина.
Истражување на повеќе од 130.000 возрасни луѓе покажало дека оние кои го зголемиле внесот на овошје и зеленчук во текот на четири години, ја намалиле телесната тежина.
Особено во слабеењето помагаат боровинките и јаболката, додека пченката, грашокот и компирот, сепак дебелеат.
3. Ограничете ги порциите
Ако добивате повеќе порции на храна и пијалак, повеќе ќе изедете бидејќи едноставно потешко ќе престанете да јадете, дури и ако сте сити. Затоа, подобро е да сервирате помали оброци, за да не паднете во искушение.
4. Внимавајте што пиете
Една лименка со газиран пијалк обично содржи околу 150 калории, па ќе ви бидат потребни 30 – 45 минути пешачење за да ги потрошите тие калории, во зависност од вашата големина и брзина, а децата кои пијат повеќе засладени пијалци имаат 55 отсто повеќе шанси дека подоцна во животот ќе станат премногу дебели.
Луѓето кои од газирани пијалааци се префрлиле на вода или на верзии со помалу шеќер, изгубиле околу 800 грама само благодарение на тоа што го пијат.
5. Прехранбени предизвици
Западниот свет игра на картата асоцијација т.е. изборот на храна го поврзуваат со одредени работи. Кога ќе застанете на бензинска пумпа, автоматски додека плаќате, погледот ќе ви залута кон чоколадите на каса, а киното го поврзуваме со пуканки и чувствуваме глад дури и кога воопшто не сме гладни.
Обидете се да го минимизирате времето ко го поминувате во окружување кое ја поттикнува оваа глад; во супермаркет одете само со листа, а во кино понесете си свои, поздрави грицки.
6. Одолете на искушението
Лекувањето на предизвиците со храна често се поврзува со терапија на изложеност, при што психологот или нутриционистот ја изложуваат личноста на мириси или поглед кон храната која најмногу ја сака, и тоа на места кои обично поттикнуваат прејадување, како јадење на чоколади или чипс пред телевизор.
Но, наместо да ја изеде чоколадата, личноста мора само да ја вкуси и потоа да ја остави. Со тек на време се намалува желбата за таа храна.

Останати вести