Безбедно користење на греалката на гас

Во текот на изминатите три години, кампањата Be Sure на програмата Безбедно користење на енергијата во Викторија (Energy Safe Victoria – ESV) поттикна поголем број жители на Викторија да користат квалификувани мајстори за инсталација и редовно да ги проверуваат нивните греачи на плин најмалку еднаш на секои две години, меѓутоа, има уште луѓе кои допрва треба да преземат нешто во врска со оваа порака. 

ESV исто така ги предупредува луѓето да обезбедат да има некој вид на проветрување во просторијата каде што е сместена греалката на гас и да не ги вклучуваат вентилаторите за воздухот, како што се вентилаторите во бањите или кујнските аспиратори истовремено со греачите на плин.

Marnie Williams, началник и претседавач на ESV, вели дека симптомите на труење со јаглероден моноксид често се слични на симптомите што ги имаат луѓето заболени од грип.
„Ги поттикнуваме жителите на Викторија да се осигурат дека нивните семејства се заштитени оваа зима, затоа што во државата уште се користат десетици илјади внатрешни греалки на гас со отворен проток на воздухот”, рече госпоѓа Williams.
„Сакаме на луѓето да им биде топло и пријатно во нивните домови, ама тие што користат греачи на гас со отворен проток на воздухот треба за безбедност на секои две години да ги прегледа инсталатор што има лиценца од тип A.”
Гласноговорникот на Викториската мултикултурна комисија Vivienne Nguyen вели дека труењето со јаглероден моноксид поради стари или неисправни гасни греалки претставува вистинска опасност за семејствата оваа зима.
„Проверувањето на вашите греачи од страна на квалификуван мајстор за гасни инсталации е лесен чекор со кој ќе обезбедите дека вие и вашите најмили сте безбедни”, рече госпоѓа Nguyen.
Д-р Angie Bone, заменик на викторискиот началник за здравство, вели дека иако не мора да значи дека секое лице што ги има тие симптоми страда поради проблеми со греалката на гас, сепак е важно да не се превиди опасноста од труење со јаглероден моноксид.
Be Sure почна во 2019 година откако една жена од Гринзборо, Sonia Sofianopoulos, умре од труење со јаглероден моноксид во својот дом.
Контактни поединости: esv.vic.gov.au/campaigns/carbon-monoxide или јавете се на 136 186.

Останати вести