Безбедно прославување во сезоната на празници за време на КОВИД-19

Со приближувањето на сезоната на празници, важно е да прославувате безбедно, за да го намалите ширењето на КОВИД-19 и ја зачувате безбедноста на вашите пријатели, семејство и заедницата.

ПРИСУСТВО НА СОЦИЈАЛНИ СОБИРИ
Ако присуствувате на социјален собир или прослава, запомнете да се држите 1,5 метри настрана од другите луѓе. Редовно мијте ги рацете со вода и сапун или со средство за дезинфекција на рацете. Одбегнувајте ракување, прегрнување и бакнување со луѓе со кои не живеете заедно.
Донесете своја храна и пијалоци и одбегнувајте да ги допирате често користените површини. Не употребувајте заеднички користени предмети како што се садови и прибор за сервирање. Донесете ваш прибор за јадење за еднократна употреба и фрлете го по собирот.
ДОМАЌИН НА ПРОСЛАВА
Ако сте домаќин на прослава, проверете ги упатствата од вашата држава или територија за максималниот дозволен број на присутни лица. Ако е можно, не повикувајте многу гости и обезбедете дека имате податоци за контакт за сите гости.
Одбегнувајте одржување на големи собири во преполни затворени простори. Ширењето на КОВИД-19 можете да го намалите со тоа што собирот ќе го организирате на отворено, наместо во затворен простор.
Поттикнете ги гостите да донесат нивна храна и пијалоци, и да одбегнуваат „шведска маса” или споделување на чинии. Организирајте одделни точки за влегување и излегување, за да им помогнете на луѓето да одржуваат меѓусебно растојание. Често допираните површини чистете ги редовно со средство за дезинфекција.
ПЛАНИРАЊЕ ЗА ПРАЗНИЧНИ НАСТАНИ
Одбегнувајте ги мешаниците во трговските центри така што претпразничите купувања ќе ги направите порано, по интернет или со користење на опции за бесконтактно преземање.
Ако вашите роднини или пријатели се во ризична група или ранливи, размислете да организирате виртуелна прослава. Со роднините и пријателите поврзете се преку телефон или видео.
Ако уште не сте го направиле тоа, преземете ја апликацијата COVIDSafe. Таа апликација им помага на службениците за јавно здравје да го забрзаат процесот на известување на луѓето кои биле во контакт со некого со коронавирус.
ОДБЕГНУВАЈТЕ СОЦИЈАЛНИ СОБИРИ АКО НЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДОБРО
Ако не се чувствувате добро, не организирајте или не присуствувајте на социјални собири. Ако имате симптоми на настинка или грип, треба да се тестирате на КОВИД-19. Мора да останете дома и да се изолирате додека не ги добиете резултатите, обично во рок од два дена.
Тестирањето е достапно за сите во Австралија, дури и ако не сте австралиски државјанин или постојан жител. Тоа ги вклучува луѓето без Medicare картичка, странски посетители, меѓународни студенти, странски работници и азиланти.
Резултатите од тестот нема да влијаат на вашиот визен статус.
ПАТУВАЊЕ ВО ТЕКОТ НА СЕЗОНАТА НА ПРАЗНИЦИ
Ако планирате во текот на празниците да патувате во друга австралиска држава или територија, бидете свесни за сегашните рестрикции за патување до вашата дестинација. Не патувајте ако не се чувствувате добро.
Важно е да бидете информирани од официјални извори. Посетете ја веб-страницата health.gov.au или јавете се на Националната дежурна линија за коронавирус на 1800 020 080. За преведувачки услуги јавете се на .

Останати вести