Македонија деновиве го одбележа денот кога формално влезе во НАТО со една неславна информација – досега само еден македонски државен функционер добил безбедносен сертификат!?
Само претседателот Стево Пендаровски ги минал темелните проверки на специјалните служби на НАТО, кои проверуваат дали македонските функционери имале контакти со ривалски служби и држави на Алијансата, дали биле инволвирани во случаи на корупција или дел од мрежа на организиран криминал.
За срамота досега ветингот не го поминале: главниот македонски воен претставник во НАТО, неговиот помошник и четворица генерали на АРМ.
Деновиве проструи информација дека дури и двајца министри – Оливер Спасовски (МВР) и Бојан Маричиќ (Правда) не добиле безбедносен сертификат од НАТО!
ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата да признае пред граѓаните зошто двајца нејзини министри од областа на правдата и безбедноста немаат НАТО сертификат. Дали криминализираноста на системот и големиот број на корупциски афери се причината?
Покрај овие лица НАТО се уште не издава сертификати за безбедност на поголем број луѓе кои се на важни позиции во безбедносните, одбранбените и правосудните позиции во Македонија што навестува дека се случува нешто загрижувачко.
Тоа практично значи дека македонските највисоки државни службеници се неупотребливи за НАТО, односно Алијансата не сака да споделува со нив важни информации!?
ПЕНДАРОВСКИ: Не е точно дека само јас имам НАТО-сертификат
Претседателот на државата Пендаровски во интервју за емисијата „Стадион” на Радио “Канал 77” тврди дека досега ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат.
– До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата имаат добиено НАТО безбедносни сертификати. Уште стотина се во процедура да добијат. Тоа што ги споменуваат Оливер Спасовски, Маричиќ … Такво нешто нема досега нема добиено ниту еден политичар на локално или централно ниво. Никој политичар нема добиено негативно решение или да е формално одбиен од НАТО, рече Пендаровски