Федералната влада треба да направи попис на безбедносно чувствителни имоти кои не можат да се продаваат на странски инвеститори.
Министерот за финансии Скот Морисон ги блокираше понудите од кинески компании кои сакаат да купат мнозинство во компанија Ausgrid која Нoв Јужен Велс го снабдува со електрична енергија, а причина за тоа е национална сигурност. Двете одбиени компании се големи имиња во индустријата со електрична енергија. Заменик на претседателот на Сенатот од редовите на лабуристите Стефен Конрој рече дека владата треба да биде јасна кој имот не е за продажба на странски компании.
„Сметам дека владата треба да направи листа на имот кој влегува во категоријата национална сигурност. Можете да расправате за тоа што би требало да биде на таа листа, а што не. Факт е дека тогаш луѓето однапред би знаеле кој имот не е на продажба за странски компании” – рече тој.
Гласноговорниот на министерството за финансии го одби предлогот на сенаторот Конрој велејќи дека владата веќе вовела реформи за обезбедување на националната сигурност, кога се во прашање странски инвестиции. Лабуристите повикуваат на составување „црна листа” на имоти кои нема да се продаваат на странски инвеститори. Сенаторот Конрој беше министер за комуникации во 2011 година кога владата на Џули Гилард и ја одзема можноста на кинеската компанија Huawei да се пријави на натпревар за градба на национална мрежа на широкопојасен Интернет. Ја поддржа прелиминарната одлука на министерот Морисон да ги блокира понудите на компаниите Ausgrid и го критикуваше поранешниот министер Боб Кар за противење на оваа одлика. Морисон минатата година стави вето на продажна на компанијата S Kidman & Co на странски инвеститори затоа што дел од имотот на компанијата припаѓа во Woomer, кое е забранет предел. Понудата на компанијата S Kidman & Co за продажба на останатиот дел од својот имот на кинески конзорциум дополнително го поништи поради национална сигурност.
Како функционира прекуокеанското купување:
Федералниот министер за финансии може да забрани или постави услови кога станува збор за важни предлози на странски инвеститори од кога ќе разгледа дали станува збор за национални интереси. Министерот за финансии добива совет од Одборот за ревизија на странски инвестиции меѓу чии членови се Дејвид Ирвин поранешниот шеф на ASIO (Австралиската безбедноста разознувачка служба) и ASIS-a (Австралиската тајна служба) и поранешниот пратеник во парламентот од Либералната партија Патрик Секер.
Правила:
– Домови: странци и воопшто на сите нерезиденти им е забрането да купуваат постоечки домови.
– Бизнис: предлог за купување удел од 20 одсто или повеќе на некоја компанија во вредност поголема од $252 милиони, подлегува под надзор. Поголем праг од $1,09 милијарди се применува на инвеститори од Чиле, Кина, Јапонија, Кореа, Нов Зеланд или САД. На странските влади потребно им е одобрение за да можат да купуваат акции на компании.
– Фарми: дозвола за купување е потребна кога земјоделското земјиште во сопственост на странец надминува $15 милиони. Отстапки се применуваат за инвеститори од Чиле, Нов Зеланд, Сингапур, Тајланд и САД.
– За земјоделски и комерцијални цели: потребна е дозвола за купување земјоделски компании кога вредноста надминува $55 милиони, отстапки се прават за инвеститори од земји потписнички на трговски договори со Австралија. Сето купување на странските влади може да биде предмет на надзор.