Бил Гејтс: Ова што Трамп го прави е многу опасно

Потегот на американскиот претседател Доналд Трамп, да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), го критикуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, а на критиките се придружи и Бил Гејтс, коосновачот на Мајкрософт и еден од најголемите светски хуманитарци.

– Прекинувањето на финансирањето на СЗО во време на ваква здравствена криза е многу опасно. Нивната работа помага во сопирањето на ширењето на вирусот и во светот нема друга таква организација која би можела да ја преземе нејзината улога. На светот му е потребна СЗО повеќе од кога било, напиша Гејтс на Твитер.
Буџетот на СЗО е околу 4.5 милијарди долари, од кои САД годишно финансираат околу 500 милиони.

Останати вести