Бил Саравиновски е по потекло од село Плаќе -Охридско, а општината Рокдаел е збратимена со општина Битола.
Минатата среда, како што предвидовме за изборот, за градоначалник на Рокдаел е избран Бил Саравиновски. Ова е седми мандат во градоначалничката столица на нашиот Бил, кој во својот говор ја реафирмираше својата посветеност кон Рокдаел во наредните 12 месеци.
Бил Саравиновски живее во Рокдаел веќе 50 години, и е посветен да го направи градот подобро место за живеење. Истиот ден како заменик градоначалник беше избран Мајкл Наги.
Инаку, за Бил Саравиновски знаме дека е по потекло битолчанец кој од четиригодишна возраст живее во Сиднеј, а во 1995 година станал прв Македонец градоначалник во Австралија.
