Бил Шортен е избран за лидер на опозицијата

Во понеделникот конечно се објави името на новиот лидер на опозиционата Лабуристичка партија. Со 52 проценти беше избран Бил Шортен, со комбинираните гласови кои се состоеја од комбинација на гласањето на избраните федерални претставници и целокупното членство.

Од 86 федерални претставници на Лабуристичката партија во Канбера, што го претставуваат  Парламентот и  Сенатот гласаа:  31 за Антони Албанис и 55 за Бил Шортен. Додека од повеќето од 34,000 членови на партијата, поголемиот број го доби Антони Албанис.  Бил Шортен е федерален пратеник од Викторија и во минатото кога беше министер во владата на Џулија Гилард имаше средба со македонската заедница и се надеваме дека тоа искуство ќе биде уште еден поттик за признавање на уставното име на Македонија. Ова е за прв пат од двете страни на политиката во Австралија да се ноѓаат луѓе со кои може да се добие  консензус за последниот чекор за зацврстување на односите меѓу Македонија и Австралија.

Останати вести