Кинескиот биолошки часовник ги покажува интервалите според кои енергијата циркулира низ деловите на нашето тело, а на секои два часа во денот најсилна е во одреден дел.
Тогаш функциите на тој дел од телото се најдобри и ако постои некој проблем, симптомите во тој период ќе бидат најизразени. Докторот по кинеска медицина најпрво ќе ги праша пациентите во кое доба на денот се појавуваат симптомите на некои болести или нарушувања во телото. Според тоа ќе знае во кој дел од телото е проблемот, односно енергијата циркулира отежнато или каде има премногу енергија, што, исто така, не е добро.
Не е лошо да се следи биолошкиот часовник и да се запишува во кој период од денот се појавуваат тегобите, на пример, заморот, болките и останатото. Исто така, добро е да се забележи и времето во кое имате најмногу енергија и кога се будите во текот на ноќта, и тоа укажува на проблем со одреден дел на телото .
Време на максимална функција (12 часа отпосле функцијата е најмала)
5-7 часот – дебело црево
7-9 часот – желудник
11 до 13 часот – срце
13 до 15 часаот – тенко црево
15 до 17 часот – бешика
17 до 19 часот – бубрези
19 до 21 часот – срцева обвивка
21 до 23 часот – терморегулација
23 до 1 часот по полноќ – жолчка
1 по полноќ до 3 часот – црн дроб
3 до 5 часот наутро – бели дробови
Кога едниот орган е на својот врв на енергија, оној на спротивната страна на биолошкиот часовник (12 часа разлика) се наоѓа на најниското енергетско ниво. На пример, помеѓу еден и три часот наутро црниот дроб ја достигнува својата кулминација, а тенкото црево е на најниска висина на енергијата. Затоа, ако јадеме доцна во ноќта, храната не се апсорбира добро во тенкото црево. Значи, треба да се избегнуваат некои активности во времето кога енергијата на органот вклучен во таа активност е најниска.