Битолчани весело ја прославија Стара нова година

Битолското друштво од Мелбурн минатиов петок, на 13 јануари одржа прослава на Старата нова година во Ferraro Reception.

Присутните ги забавуваше групата “Амадеус” со популарните Татјана Лазаревска и Новица Василевски.
Македонските православни христијани ја слават Стара нова година, во чест на светецот Василиј Велики, но и како ден на обрежувањето на Исус Христос. Според стариот обичај, битолчани со мазник на секоја маса го дочекаа празникот, а по традиција тој што ќе ја добие паричката се смета дека ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.

Фото: Nikola Nedelkovski

Останати вести