Битолското пензионерско друштво на својот прв собир за оваа година имаше прослава со жива музика за Василица – Македонската стара нова година.
Беа присутни над 200 луѓе.
Отец Тоне Гулев го отпеа лепчето и го благослови собирот.
Кумови за 2018 година беа Ристо и Петра Тодоровски.
На сите маси имаше по еден мазник, а по традиција оние што ќе го добијат парето се кумови за следната година, и тоа беа Спиро и Бети Јолевски.