Бившата сметководителка на ФФМ бришела докази за криминал!

Поранешната сметководителка на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Олгица Младеновска, која се товари за финансиски криминал од А$4 милиони заедно со екс-првиот човек на куќата на фудбалот Илчо Ѓорѓиоски, уште еден екс-вработен во федерацијата и дузина правни лица бришела докази за криминал, па се соочува до дополнително обвинение откако финансиската полиција доставила посебен извештај.

Според извештајот на Финансиската полиција до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, екс-сметководителката на ФФМ се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” според членот 251 од кривичниот законик.
Според Финансиска полиција, сметководителката откако добила отказ по пријавата за корупција и извлекување на пари од ФФМ, таа преку „тим вјуер” успевала да влезе во системот за сметководство на куќата на фудбалот, а потоа менувала и бришела докази за спорните трансакции.
„Лицето О.М., откако била отстранета од работното место во Фудбалската федерација, во периодот од 13.10.2019 до 28.10.2019 година во повеќе наврати, неовластено пристапувала до програмата за сметководствената евиденција на Фудбалска федерација преку апликацијата ‘Тим Вјуер’ (TeamViewer) од нејзинот персонален компјутер надвор од просториите на ФФМ и вршела измени – прекнижување, докнижување и бришење ставки во сметководствената евиденција на ФФМ, со цел да ги прикрие трагите од сторените кривични дела кои ѝ се ставаат на товар, сите опишани во кривичната пријава веќе поднесена од страна на Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција”, наведува Управата за финансиска полиција.
Минатата година финансиската полиција поднесе пријава за сторен милионски криминал во ФФМ до ЈО, а нешто подоцна од Обвинителството најавија дека ќе извршат вештачење, а сега Финансиската полиција испратила дополнително известување за случајот со сметководителката, која е првоосомничена во целиот случај.

Останати вести