Бизарен случај: Наставничка од скопско основно училиште тргувала со човечки органи и откопувала гробови

Наставничка по географија од едно скопско основно училиште самата се пријавила во полиција дека препродава органи, дека откопува гробови и дека преработува месо од починати во ќебапи!?

Ваква службена белешка надлежниот полициски службеник од единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција поднел во полициската станица во Чаир на 22 октомври, објави “Пресс24”.
Во службената белешка до која стигнал овој портал преку свои извори во полицијата стои дека истиот ден, околу 10 часот наутро, во полициската станица во Чаир дошла жена чиј идентитет јавно не се открива и почнала да зборува нелогични работи.
„Од моја страна беше прашана за што сака да разговара при што истата појасни дека работи како наставник по географија и дека сака да појасни дека истата потекнува од индијанско племе од Невада и дека како мала е донесена од нејзиниот сегашен татко кој е човеколик мајмун и заедно со директорот на училиштето во кое што работи, кој исто така е човеколики мајмун, се занимаваат со разни кривични дела (продавање на органи, откопување на мртви од гробишта и преработка на месото во ќебапчиња, организирање на атентати по нарачка и прикривање на лица кои се водат умрени а се живи, за што наведе пример дека Тоше Проески го кријат во училиштето каде го претставуваат како … и работи како наставник по физичко”- стои меѓу другото во записникот.
Полицискиот службеник ја прашал наставничката која има близу 50 години дали е при здрава свест и дали има проблеми со здравјето по што таа појаснила дека нема никакви проблеми со здравјето.
По ова надлежниот полициски службеник констатирал дека таа не пријавува кривични дела од неговата област на имотни деликти, го повикал сменоводителот и му го препуштил случајот.
Целата приказна ќе изгледаше неверојатна, цоколку порталот не ја поседува и службената белешка за овој разговор.
Каков епилог имал овој случај нема дополнителна информација. Нема ниту потврда дека споменатата жена навистина е наставничка во школо. Од друга страна, ваквите случаи само покажуваат дека не е лесна ниту работата на полицијата, која мора да се справува и со вакви случаи – заклучува “Пресс24”.

Останати вести