Бизнис ваканција на прилепчани

Во саботата, во Шелдон рецепцијата, делегацијата од Прилеп одржа бизнис презентација. Пред околу 100 присутни гостите од Македонија на проектор ги прикажуваа можностите за бизнис и инвестирање во својата општина Прилеп.

Презентацијата во Мелбурн беше во организација на Конзулатот на Македонија но, за жал, не можеше да се забележат овдешни бизнисмени меѓу присутните. Публиката, која љубезно ги слушаше гостите од нашата прва татковина, во мнозинство беше составена од пензионери.
Бизнис презентацијата на прилепската делегација во Сиднеј минатата седмица исто така имаше слаба посетеност. Прво на отворената средба во Рокдаел, на која присуствуваа само 23 луѓе заедно со малолетните деца, а потоа следеше и бизнис настанот во Хрствил, на кој исто така немаше многу потенцијални инвеститори. А како главна вест беше дека се потпиша Меморандум на разбирање со градоначалникот на општината Рокдаел, Бил Саравиновски. Не знаеме која беше вистинската цел на оваа посета на деветчлената делегација, меѓу кои беше и градоначалникот од Прилеп Марјан Ристески. Но можеби тие сепак се задоволни од постигнатото во Австралија.

Градоначалникот Марјан Ристевски и Ристо Најдовски (директор на стопанска комора) упатија честитки до МАСО, организаторите на Македонскиот фестивал на храната и потенцираа дека е многу важно заедницата да го задржи овај фестивал.
Пивара Прилеп со пивото ДАБ и Витаминка најавија дека ќе се приклучат кон фестивалот со промовирање на продукти од прилепскиот регион.

Останати вести