Благица и Јордан комбинација за сите времиња

Долго очекуваните концерти со Благица Павловска и Јордан Митев започнаа со распродадените сали во Волонгонг и Сиднеј. А слична е ситуација и во Мелбурн, каде одамна се распродадени првите два концерти и се закажани дополнителни по барање на публиката.

На ова гостување популарниот Јордан Митев кој е и австралиски зет, ни доаѓа со нови песни и за прв пат ќе може во живо да ја слушнеме и најновата „Роден Крај”, во која повторно како автор се јавува талентираниот Митев. Турнејата на нашите две естрадни ѕвезди низ Австралија ќе трае до ноември, и дознаваме дека се уште има лимитиран број места за 28 септември во Сиднеј и на 4 ноември во Мелбурн.
Ви пренесуваме дел од атмосферата во која уживаа присутните во добрата песна и музика до доцна во ноќта.
Организатор на турнејата е Австралиско Македонското младинско друштво “Никола Карев” од Мелбурн. За повеќе информации можете да се јавите кај Аце Петровски на 0417 128 641.

Останати вести