Привршуваат подготовките за новата сезона во Националната премиер лига на НЈВ, а нашиот претставник Рокдаел Илинден играше пријателски натпревар во неделата на стадионот на Блектаун Сити.
Рокдаел Илинден настапи со следниот состав: Брадашевиќ, Петковски, Петрило, Хескет, Мекленан, Ричуто, Рид, Чанак, Макрилос, Аламедине и Макалистер.
Остварена е конфорна победа и се надеваме дека ќе се продолжи во истиот стил во годинашното првенство.
Головите за Комитите ги постигнаа: Ричуто, Аламедине, Таноски и Макрилос. Треба да се истакне дека голманот Брадашевиќ имаше извонреден настап и притоа одбрани и пенал.
Победи славеаа и подмладокот на Комитите под 20 години со 2–0 и подмладокот на Рокдаел Илинден под 18 со 5–4.
Регуларното фудбалско првенство за Рокдаел Илинден започнува со домашен натпревар во недела, на 13 март, кога им гостуваат Бонириг Бели Орли со почеток во 17 часот.