Блер му ја презел сопругата на Мардок?

Односитe меѓу Руперт Мардок и Тони Блер се распаднаa поради информациите за пријателство на Блер со екссопругата на медиумскиот магнат, Венди Денг. Поранешниот премиер постојано тврди дека пријателството со Денг е само платонско, но Мардок го оцени судирот со Блер како „завршен” и одби да разговара со него откако поднесе барање за развод од Денг во јуни. Блер се обиде да контактира со Мардок, но не успеа.

Извори блиски до Мардок во Лондон велат дека персоналот во неговиот дом во Калифорнија тврдел дека Блер и Денг останувале таму преку ноќ за време на викендите во октомври лани и април оваа година, без знаење на Мардок. Се тврди, исто така, дека Блер и Денг имале „повеќе состаноци” во Лондон и во Њујорк, без знаење на Мардок.

Разводот на Мардок (82) од неговата 44-годишна трета сопруга заврши со пресуда на американски суд минатата недела. Близок пријател на Блер изјави дека „ Мардок шири смешни приказни за Венди и Тони што не се точни, што е бладање на тажен старец”. Пријател, пак, на Мардок, чија новинска империја ги вклучува „Сан” и „Тајмс”, порача дека Мардок не сака да има ништо повеќе со Тони Блер.

Останати вести