Приказната за раѓањето на двете близначки Харпер и Клео од Квинсленд не е ништо помалку од вистинско чудо. Приказната за нивното доаѓање на овој свет, на блогот “Фондација на чудесни бебиња” ја раскажа младата мајка Кејт Лукас.
Мајката Кејт веќе имала две деца кога со радост ја примила веста дека очекува принова. Но за жал, многу брзо радоста се претворила во загриженост кога е поставена дијагнозата моноаминионски близнаци. Тоа значи дека бебињата немаат раздвоена мембрана и дека ја делат истата плодова вода.
Според раскажувањата на Кејт, во породилиштето била примена во 28 недела од бременоста и задржана цели пет недели. И покрај неповолните прогнози, на крајот младата мајка ги родила своите две здрави близначки. Иако се родени во предвидениот термин, она што било неверојатно и ги воодушевило лекарите е што девојчињата се родиле со целосна испреплетеност на папочната врвка, формирајќи облик кој наликува на плетенка.
Таа неверојатна блискост помеѓу близначките продолжила и по раѓањето. Денес, Клио и Харпер имаат осум години и се здрави девојчиња кои што и понатаму ја делат истата блискост што ја делеле додека биле во матката на својата мајка.

