Боб Кар се пензионира

Сенаторот Боб Кар заминува од сенаторската позиција и ја напушта политичката сцена.

Сенаторот Боб Кар ја шокираше јавноста кога најави оставка од својата сенаторска позиција а воедно и неговото напуштање на политичката сцена на Австралија.

Како што јавуваат медиумите тој одлучил својата кариера да ја продолжи на еден од сиднејските универзитети како експерт за Азија.
Сенаторот Кар не пропушти жестоко да ја искритикува својата работничка партија и нејзините пропусти кои доведоа до катастрофален пораз на федералните избори.
Боб Кар имаше плодна политичка кариера со 8 години како премиер на Нов Јужен Велс, и 18 месеци како министер за надворешни работи.
Тој пред некоку месеци ја доби наградата Пријател на Македонија на Обединетата Македонска Дијаспора и во медиумите во Македонија во тоа време нашироко се најавуваше дека Боб Кар ќе ја признае Македонија на вечерата приредена во негова чест, како и за тоа дека ќе отворел амбасада на Австралија во Македонија. Иако министерот Кар, како што пишуваа грчките медиуми во Австралија, две недели пред да ја добие наградата изјави дека нема да има поместување на политиката кон Македонија. Сите знаеме дека тоа не се случи, а надежта на Боб Кар дека ќе може да ја преземе раководната улога во партијата згасна кога се појавија други кандидати за водачи и изборот на Бил Шортен.

Останати вести