На 22 декември популарниот радио водител на нашата заедница во Мелбурн, господинот Боб Велински ќе стане 83 години млад.
Роден пред 83 години во село Д. Агларци Битолско, во фамилија со повеќе деца дошол на свет Боб тогаш крстен Богољуб Велјаноски. Од таму навака е изминат долг период во кој со неговиот ведар глас на радиото го слушаме повеќе децении. И понатаму Велински е активен, и им се спротивставува на годините, подучувајќи ги помладите како се работи и истрајува во животот. Му посакуваме среќен роденден и весела прослава со неговата прекрасна сопруга Лефтерија, со која имаат 2 ќерки и 5 внуци.