Зградите осветлени со боите на знамето на Турција

Во знак на поддршка на турскиот народ во борбата против тероризмот, згради во Австралија беа „обоени” со боите на турското знаме.

Државниот парламент на Викторија, општината на Мелбурн и државната библиотека на Викторија беа осветлени во боите на знамето на Република Турција во знак на солидарост со турскиот народ по бруталниот терористички напад на аеродромот во Истанбул, кој се случи вечерта на 28 јули. По изјавата на прaјминистерот на Австралија, Малком Трнбол и министерката за надворешни работи Џули Бишоп, кои го осудија терористичкиот напад во Истанбул, во Викторија, државата која се наоѓа на југоисточниот дел на Австралија, голем број згради беа осветлени со боите на турското знаме. Кулата Арт центар Мелбурн, висока 162 метри, исто така беше осветлена со црвено – бели бои. Во нападот, според последните информации од канцеларијата на гувернерот на Инстанбул, загинале најмалку 41 лице, а 130 се повредени и се уште се наоѓаат во болница. Одговорност за нападат се уште никој не го превземал, но турскиот премиер Бинали Јилдирим рекол сознанијата на истражните органи укажуваат на тоа дека нападот е дело на ИСИС.

Останати вести