Во Светата и Велика сабота од Страсната седмица, кога Светата Црква си спомнува и за Благовештението на Пресвета Богородица, во црковната општина „Свети Георгиј и Пресвета Богородица” во Епинг, во организација на свештеникот Климент Станковски се одржа бојадисување на велигденските јајца од страна на најмладите членови на заедницата.
На манифестацијата зедоа учество најмладите. Додека за најубаво бојадисано јајце беше избрана младата Миа.
