Вили Миен, поранешен рагбист од Нов Зеланд, денеска е професионален боксер во тешка категорија.
Во меч со Татутом, застана да боксува и побара од судијата да го прекине мечот поради исклучително силните и директни удари во главата на противникот, па и самиот се уплашил дека би можел сериозно да го повреди противникот.
Што би се рекло, со левата убива, а со десната и самиот се плашел од тој момент.
Капките крв се нашле и на камерата која се наоѓала зад боксерот кој во само неколку секунди доби силен ќотек, па е логично што судијата го послуша апелот на еден од натпреварувачите.
Инаку Миен во јуни ја прекина рагби кариерата заради тепачка и кражба пред казиното во Сиднеј.