Болница по грешка прогласила 200 паценти за починати

Болницата Austin во Мелбурн прогласи 200 пациенти за починати, но подоцна објасни дека станува збор за човечка грешка.

На 30 јули од болницата во Мелбурн за 200 пациени било испратено известување дека тие починале наместо дека се отпуштени од болницата. Објаснувањето зошто била пратена по факс на нивните фамилии и доктори аларматната вест е дека шаблонот бил сменет во компјутерот и наместо да се направи отпусница била употребена посмртница.

Портпаролката на болницата им се извини на сите засегнати, наведувајќи оти се работи за човечка грешка, која била поправена само по неколку часа.

Останати вести