По неколку тешки денови за пожарните служби во Нов Јужен Велс од вкупно 60 пожари, неколку се уште не се под контрола. Пожарникарите ќе продолжат да работат на двата најголеми пожари во Cessnock во долината Hunter, како и посеверно во близина на Port Stephens.
Инспекторот Бен Шепард за ААП рече дека над 1200 пожарникари се на должност во текот на најголемиот бран пожари во овие два региона. Двата пожари се класифицирани во пониско ниво на опасност односно „гледање и делување”. Пожарникарските екипи во подрачјето Port Stephens ќе се сретнат со 80 км долга огнена линија, а временските прогнози не носат можност за слабеење на пожарот во следните неколку денови.
„Во пожарот настрадаа 6500 хектари површина” – рече тој. Овој пожар многу брзо се прошири преку автопатот Pacific Highwway и помина низ градот Karuah, но потоа ја промени насоката и тргна на север кон Limeburners Creek. „Затоа во овој момент имаме голем пожар со кого се бори пожарната служба Lone Pine” – рече инспекторот Shepherd. Според извештаите има оштетени имоти, но тоа се уште не е потврдено. Пожарникарите се борат со пожари на авенијата Hind и Lakes Way во Forster, и ги сузбиваат пожарите кои ја зафатија тревата на улицата Churchill Road во Forster и Point Road во Tuncurry.