Бугарскиот премиер Борисов снимен во спалната соба со дрон управуван од претседателот Радев!?

Во јавноста се појавија фотографии од бугарскиот премиер, Бојко Борисов кој лежи во спална соба гол покриен со прекривка.

На социјалната мрежа Фејсбук беше објавена и фотографија на која се гледа дека до неговиот кревет има еден пиштол, банкноти од 500 евра како и златни плочки (монетарно злато).
Премиерот на Бугарија на прес конференцијата соопшти дека видео го снимил лично претседателот на Бугарија, Румен Радев, со дрон што самиот го управува а кој го добил дронот како подарок од Кина. И сега го користи да прави афери на неговите неистомисленици.
– Претседателот Радев ја премина границата и си дозволува да крене беспилотно летало и да ме фотографира, рече Борисов на брифинг со новинарите.
– Го лета над терасата, пред влезот и кога ќе викнам и ќе им кажам: Зошто не реагирате, овој дрон доаѓа на оддалеченост од еден метар од мене, можеби носи експлозив, тие велат: „Па претседателот го управува!”
Тој вели дека станува збор за напад како од учебниците на КГБ.
– Имаме систем да го урнат дронот, но тие одат, му кажуваат дека сум налутен и тој си го прибира, рече Борисов појаснувајќи дека Радев лично го управува дронот кој го добил на подарок од Кина. Борисов го обвини бугарскиот претседател за шпионажа и додаде дека тој го следи и да го сними гол како би можел да го користи во кампања против него. Борисов не негира дека бил снимен додека спие, но објаснува дека предметите на другите фотографии биле намерно поставени. Како што истакна, во неговата спална соба има сеф и има потреба да чува пари.

Останати вести