Бризбен Роар – Мелбурн Сити 1-1

А-ЛИГА НА АВСТРАЛИЈА
Голманот на Бризбен, Џејми Јанг, направи неверојатна грешка во дуелот со Мелбурн Сити, но за негова среќа остана неказнет, кога се лизна и му избега топката, во мечот од фудбалската А-лига на Австралија.

На негова среќа ниту навалата на Сити не се покажа доволно умешна за да ја затресе мрежата. Натпреварот заврши 1-1, но лесно можеше гостинот да си замине со три бода благодарение на несмасноста на Џејми.
Први поведоа гостите од Мелбурн со голот на Французинот Хари Новило во 47. минута за 0-1. Бризбен врати дваесетина минути подоцна преку убавата акција која почна со Томас БроиЧ на средината од теренот и неговото прецизно додавање до Хенрике Силва кој извонредно се снајде за 1-1.
Талентираниот германски фудбалер Броич во многу наврати беше фаулиран на оваа средба од одбраната на Сити која едноставно не можеше на друг начин да се снајде со неговата виртуозност.

Останати вести