Динамична игра во која двата тима, Бризбен Роар и Перт Глори ја прикажаа можеби својата најдобра партија сезонава во фудбалската А-лига на Австралија.
На крајот од првото полувреме остана нејасно како Бризбен Роар не успеа да ја затресе мрежата на гостите. Шансите се редеа во низа, иако и гостите од Перт, исто така, имаа свој моменти.
Во вториот дел двата тренера направија по три измени во составот во обид да го изненадат противничкиот тим. Тоа вроди плод за Роар кој, со нововлезениот Хенрике Силва во 75. минута, преку една брза акција успеа да го совлада голманот Анте КовиЌ за 1-0.
Бразилскиот интернационалец Хенрике Силва на оваа средба настапи првпат по опоравувањето од повредата и беше значаен стрелец за враќање на самодовербата.
До крајот на средбата имаше возбудувања, а само среќата ја зачува мрежата на гостите кога топката се одби од пречката.