Брегзит само по гласање во парламентот, а не со одлука на владата

Велика Британија треба да ја стави на гласање во Парламентот одлуката за излегување на земјата од Европската Унија пред официјално да го започне процесот за брегзит, пресуди Врховниот суд на Лондон.

– Ако се активира членот 50, тоа неизбежно ќе доведе до промена на внатрешните закони – изјави судијата Џон Томас образложувајќи ја одлуката на судот.
Тоа значи дека владата на премиерот Тереза Меј не може самостојно да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со кој се почнуваат официјалните преговори со ЕУ, коментира Би-би-си. Тереза Меј изјави дека британскиот референдум и министерските овластувања значат дека нема потреба од гласање на пратениците.
Решението може да биде обжалено од страна на владата или да биде дадено во Судот на Европската Унија – институција, на која се противат приврзаниците на брегзит.
Премиерот изјави дека ќе го активира членот 50, официјално известување до ЕУ за намерата на Британија да ја напушти до крајот на март 2017 година. На референдумот во јуни 51,9 отсто од Британците дадоа поддршка на брегзит.
Останатите 27 земји членки на ЕУ рекоа дека преговорите за условите за излегување на Велика Британија нема да почнат пред да биде активиран членот 50.
Политичкиот уредник на Би-би-си, Норман Смит, коментира дека ако одлуката на судот не се отповика, ќе следуваат месеци и месеци парламентарни пречки.
Владата се очекува да поднесе жалба на одлуката за следната седница на Врховниот суд.

Останати вести