Брејвик ќе добие 13.900 долари за понижување

Судот во Осло пресуди дека Андрес Брејвик бил затворен во „нечовечки и понижувачки” услови во затворот во кој одлежува казна за убиство на 77 луѓе пред пет години, а скандинавската влада сега ќе мора да му ги плати судските трошоци од 330.000 круни (13.900 долари).

„Забраната на нечовечко и понижувачко постапување претставува темелна вредност во едно демократско општество”, рече судијата Елена Анденаес Секулиќ во пресудата. „Ова важи без разлика за сите – и во третманот на терористи и убијци”.
Брејвик, роден во Осло, уби 77 луѓе во двојниот напад на 22 јули 2011 година. Тој прво детонираше автомобил бомба во главниот град, убивајќи осум луѓе, а потоа отиде во летниот младински работен камп на островот Утоја, каде што тој уби 69 претежно млади луѓе и деца.
Брејвик тврди дека ја поднел тужбата поради тоа што е одвоен од други затвореници и има контролиран пристап до посетителите и кореспонденција, што негативно влијаело на неговото здравје. Брејвик користи три ќелии – една за живеење, друга за учење и една за вежбање – и во нив ги има сите удобности, како телевизор, ДВД, компјутер и др.

Останати вести