Британија претерала со корона-умрените: Имал коронавирус и го згазил автобус – пишан како жртва на вирусот?!

Двајца научници од Универзитетот во Оксфорд објавиле истражување во кое строго се спротивставиле на научниците кои во Обединетото Кралство евидентирале број на починати од ковид-19.

Јун К. Лок и Карл Хенехан, статистичари од Оксфорд, тврдат дека со бројот на починати од коронавирусот во Бритнија се претерува бидејќи секој кој ќе почине, а некогаш не бил позитивен на ковид-19, се смета како личност почината од корона, без оглед на вистинската причина за смртта.
– Пациент кој бил позитивен на коронавирусот, но се опоравил и пуштен е од болница, се смета дека починал од ковид-19 дури и ако после три месеца почине од срцев удар или ако го згази автобус, истакнале Лок и Хенехан.
„Гардијан” ги пренесе овие факти и истакна дека ова би значело дека бројките за бројот на починати од корона во Британија „значително се претерува”. На основа на овој научен труд, Мет Хенкок, британскиот министер за здравство, најави „итно преиспитување” на начинот на кој се бројат починатите од коронавирусот. Џо Марфи, политички уредник на „Ивнинг стандард”, ја објави оваа вест на својот профил на твитер и додал дека луѓето кои починале од природна смрт, ако некогаш порано биле позитивни на ковид-19 се сметаат како починати од коронавирусот. – Не е јасно колку од смртните случаи се евидентирани на овој начин, напишал Марфи.

Останати вести