Аделаид целосно го декласира домаќинот со висока победа на стадионот “Санкорп”, во меч од фудбалската А-лига на Австралија. Доминацијата на гостите почна со првото водство во 20. минута преку автоголот на Кори Браун.
За изедначување се намачи Бризбен и тоа беше преку контроверзен пенал во почеток на второто полувреме. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Енрике за 1-1.
На тоа Аделаид возврати жестоко со двата брзи голови на Брус Џите во 56 и во 67. минута. Конечниот резултат го постави Марчело Каруска во судиското продолжение со ефектен гол за висока победа со 1-4.
Ова воедно е и осмиот натпревар на Аделаид Јунајтед без пораз со што фати приклучок со горниот дел на табелата.