Арапска студентка од Израел на возраст од 21-година која била на размена во Австралија, убиена е во Бандура, северно предградие на Мелбурн.
Полицијата на Викторија објави дека жртвата од израелска националност, идентификувана како Аја Масарве, била силувана и убиена.
Телото на студентката било пронајдено делумно голо во средата во грмушки во Бундора, во близина на универзитетот Латроб.
Аја Масарве разговарала на телефон со својата сестра, која била во странство кога се случил нападот. Сестрата веднаш ги предупредила австралиските власти.
Полицискиот инспектор, Ендрју Стампер, изјави дека дополнителни детали за повредите на убиената нема да изнесува во јавност, од почит кон семејството на жртвата.
„Апсолутно ужасен, страшен напад врз невина млада жена”, рече Стампер.
Инспекторите во петокот го уапсија Коди Херман, поврзувајки го со убиството по маица и капа пронајдени во грмушка околу 100 метри од местото на злосторството кои му припаѓаа на убиецот. Стампер рече дека облеката беше клучот за решавање на ова злосторство.
Коди, 20, е сирак кој е бездомник и има само сестра со која до скоро живеел во Бундура кај жена што сегрижела за нив.
Во изјавата на Универзитетот Ла Тробе, кој го посетувала Аја Масарве, пишува дека целата заедница е шокирана и тажна. Веста за смртта на студентката одекна и низ целиот Мелбурн кој е прогласен за еден од петте најбезбедни градови во светот.