Каква врска има брзината на одењето со вашето здравје?

Научниците тврдат дека брзината со која луѓето пешачат може да каже многу за нивното физичко здравје.
Средовечните луѓе кои пешачат бавно двојно почесто умираат од срцеви болести, во споредба со оние кои пешачат брзо, велат научниците.

Оние кои пешачат бавно обично не прават физички вежби, што може да го објасни поголемиот ризик од срцеви болести.
Истражувањето кое беше објавено во „Европскиот журнал за срцеви болести” ги зема во предвид факторите како што се редовното вежбање, исхраната, пушењето и конзумирањето на алкохол.
„Сите овие работи укажуваат на тоа дека темпото со кое одиме може да не предупреди за можната смрт од некое срцево заболување”, вели професорот Том Џетиз од универзитетот „Лестер”.
Претходни истражувања од 2013 година утврдија дека високиот крвен притисок, кој инаку е ризичен фактор за срцева болест, може да влијае на брзината со која одите. Научниците сепак не можат да утврдат зошто високиот притисок го забавува одењето.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои умерено вежбаат, без разлика дали е тоа пешачење или возење велосипед, имаат 26% помал ризик од смрт причинета од срцево заболување.

Останати вести