Внимание: Овие навики можат да ги уништат бубрезите!

Иако се многу важни, многумина за нив не се грижат премногу, па годишно милиони луѓе умираат од болести на бубрезите. Ви донесуваме попис на работите што треба да ги избегнувате ако сакате да имате здрави бубрези. 

1. Премалку вода
Ако не пиете доволно вода, тоа може да биде еден од најзначајните фактори за оштетување на бубрезите, бидејќи се случува секојдневно. Главната задача на бубрезите е да излачуваат метаболички отпад од телото и да ја регулираат рамнотежата на електролитите. Ако телото не е хидрирано на правилен начин, се намалува протекот на крв, што резултира со наталожување на токсините во крвта.
2. Полнa бешика
Многумина од нас имаат навика да го одложуваат одењето во тоалет. Ако бешиката долго време е полна со урина, може да дојде до разни компликации во уринарниот тракт. Хипертрофијата на мускулите е една од компликациите која може да доведе до дивертикулитис (создавање дупка или водено меурче во телото). Хидронефрозата (зголемувањето на притисокот на урината во бубрезите) е друга компликација до која доаѓа поради хроничниот притисок на задната страна од бубрезите. Инконтиненцијата е исто така една од сериозните последици на долготрајното одложување на празнењето на бешиката.
3. Премногу натриум
Преработката на натриум е уште една задача која ја вршат бубрезите. Солта е основен извор на натриум, а поголемиот дел од натриумот треба да биде извлечен од телото. Кога јадеме многу солена храна, бубрезите многу се оптоваруваат бидејќи мораат да излачат поголема количина на натриум, а тоа долгорочно може да биде многу напорно за бубрезите.
4. Премногу кофеин
Кога сме жедни, често не посегнуваме по вода, туку по сокови и газирани пијалаци. Многу од тие пијалaци содржат кофеин. Кофеинот може да го зголеми крвниот притисок, а тоа понатаму врши притисок врз бубрезите и може да ги оштети.
5. Таблети против болки
Земање таблети против болки и кај помали пречки е лоша навика на повеќето луѓе. Повеќето таблети против болки имаат опасни несакани ефекти, можат да оштетат разни органи, па така и бубрезите. Истражувањата покажале дека долготрајното земање таблети против болки го намалува протекот на крв и така ја намалува функцијата на бубрезите.
6. Премногу протеини
Премногу црвено месо и друга храна богата со протеини може дополнително да ја влоши состојбата на веќе оштетените бубрези. Храната богата со протеини во основа е здрава, но не ако имате оштетени бубрези. Премногу протеини ги оптоваруваат бубрезите.
7. Игнорирање на грип и настинка
Игнорирањето на обична настинка и грип може да доведе до оштетување на бубрезите. Истражувањата покажале дека луѓето со заболени бубрези исто така имаат навика да избегнуваат одмор кога се болни. Утврдено е дека и луѓето со болни бубрези се чувствителни на промени на времето.
8. Премногу алкохол
Кога пиеме алкохол, често не обрнуваме внимание која количина е соодветна за доброто здравје. Навиката на пиење преголеми количини алкохол доведува до оштетување на бубрезите. Алкохолот содржи токсини кои можат да бидат штетни за бубрезите.

Останати вести